„Македонија-Блокира“: Заев и Спасовски да се вразумат

„Македонија-Блокира“ најостро ја осудува вчерашната полициска интервенција со која беше спречена блокадата на патот Охрид-Струга кај село Мислешево.

Како што велат од таму, протестот бил уредно најавен.

- „Ова се веќе знаци на една уплашена власт на Зоран Заев штом започна да ги спречува протестите на „Македонија-Блокира“ со што, патем, се крши и уставно загарантираното право на протест. Ги повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР, Оливер Спасовски да се вразумат и да не провоцираат оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од „МакедонијаБлокира“ продолжуваат до финалната одлука – или марионетската власт ќе избрише се што е македонско или Македонија ќе победи“, велат од „Македонија-Блокира“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.12.2018 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа