„Македонија-Блокира“ најави протести во 40 општини

„Македонија-Блокира“ за денеска најави блокади и протести и во внатрешноста на земјата, против уставните измени, од 13 до 15 часот. 

- „’Македонија- Блокира’ го реафирмира својот став дека во овој момент сите национални и патриотски сили имаат обврска единствени и сплотени да се борат против уставните промени со кои се брише сѐ што е македонско. Го повикуваме Зоран Заев и министерот во МВР Оливер Спасовски да се вразумат и да нѐ провоцираат како во случајот со блокадата на патот Охрид – Струга и Кичево Охрид кога полицијата ја спречи блокадата оти работите лесно може да излезат од контрола, дотолку повеќе, блокадите од ‘Македонија-Блокира’ продолжуваат до финалната одлука – или марионетската власт ќе избрише сѐ што е македонско или Македонија ќе победи“, велат организаторите кои додаваат дека го најавиле протестот во МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.12.2018 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега