„Македонија-Блокира“ денеска на протест пред домот на пратеничката Емилија Александрова

Од движењето „Македонија – Блокира“ информираат дека денес ќе одржат собир пред домот на пратеничката Емилија Александрова, бидејќи како што велат таа не треба да гласа за уставните измени.

„Македонија – Блокира“, денеска ќе одржи собир пред домот на пратеничката Емилија Александрова која е една од 8-те пребегани и уценети пратеници. На протестот ќе и биде предадено писмо на пратеничката Александрова зошто не треба да гласа за уставните измени. Собирно место е пред Собранието на Република Македонија во 18:30 часот  кога ќе тргне поворката кон домот на пратеничката“, велат од „Македонија Блокира“.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.01.2019 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега