Македонец вработен во Швајцарска пошта крадел накит и мобилни од пакети

Македонски државјанин бил осуден на условна затворска казна поради тоа што крадел накит и мобилни телефон од пакети во поштата во Фрауенфелд, Швајцарија каде што бил вработен.

Ова е втор случај годинава македонски државјанин вработен во швајцарската пошта да биде осуден за кражба, откако претходно друг нашинец украл над 120.000 франци, вадејќи пари од писмата во кои Швајцарците испраќале пари за учество во лотарија во Австралија, пренесе Курир.

Во последниот случај станува збор за 27 годишен државјанин на Македонија, кој со сопругата живее во Швајцарија од 2012 година. Според обвинението, поштарот отворил околу 300 пакети во текот на летото 2016 година, крадејќи накит, часовници и мобилни телефони.

Од истрагата било утврдено дека обвинетиот во летото 2016 годин урл најмалку 52 предмети од пакетите, а истите ги продал за сума од 24.000 франци. Пет мобилни телефони му испратил на татко му во Македонија. Со парите платил долгови, како операција на неговата мајка. Откако бил откриен, тој поминал еден месец во притвор, а Поштата веднаш го отпушти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.03.2019 - 15:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега