Македонец со потресна исповед за автобусот кој излета: "Се разбудив и видов крвави глави и загинати"

Патник од Македонија од македонскиот автобус кој се преврте во Србија со потресна исповест за српскиот Курир.

- Се разбудив и слушнав само вриштење. Видов луѓе со крвави глави и раце, слушнав и дека има загинати, вели момче од Битола кое било во автобусот.

Вели не знае кој викнал Брза помош и полиција, но брзо дошле, а потоа стигнале и пожарникари.

- Ни пружија помош, сите не извлекоа од внатре, вели момчето кое си ја повредило раката по што било однесено во болница.

Сеуште се чека идентитетот на загинатите маж и две жени во несреќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2018 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега