Македонец на Фејсбук за „потрагата по неговата националност" - Димитров веднаш му пиша

Македонец на својот Фејсбук објави порака за пробелмот со неговата националност, а му коментираше и министерот Димитров.

- Во општина во Холандија на средба којашто треба да трае максимум 10 минути.

Го подавам мојот пасош. Госпоѓата веќе го има мојот фајл и потребна е само мала формална проверка.
Госпоѓата: Господине, во полето националност не можам да внесам македонец. Дали вашата националност е македонец?
Јас: Да, да.
Госпоѓата: па не може, системот не го прифаќа тоа. Дали сте сигурен дека тоа е вашата националност?
Јас: Па да. Имаше некаков договор помеѓу Македонија а и Грција, името на државата беше променето, меѓутоа националноста сеуште е македонец (барем така треба да биде). Може да проверите македонец/граѓанин на Северна Македонија.
Госпоѓата: господине, и тоа не може. Чекајте да проверам на интернет. (бара нешто…).
Аха, ќе пробам Бивша југословенска Република Македонија.
Јас: во ред, пробајте.
Госпоѓата: и тоа не може. Чудно, многу чудно. (Се смее.)
Не можам да ве внесам во системот. Чекајте ќе прашам некои од колегите.
(Се собираат 3-4 административци).
Никој од нив не знае како да го реши проблемот. Поминаа веќе 30 мин.
Госпоѓата: (Нервозно, не знае веќе што да прави.)
Знаете овие состаноци се во главно формални и траат максиум 10 мин.
Јас: Знам, знам.
Госпоѓата: Ќе пробам повторно. Внесува 10тина различни поими.

5 луѓе се обидуваат да ја одгатнат мојата националност. А самиот не можам да помогнам. Сите можности на коишто помислив веќе беа употребени.
На крај доаѓа една женичка од нејзините колеги и ја решава ситуацијата. И вика на госпоѓата: Треба да внесеш граѓанин на Република Северна Македонија или на холандски тоа е (Burger van de Republiek Noord-Macedonie).
Госпоѓата: Конечно, ја одгатнавме твојата националност. Направи слика од ова и секогаш носи го со себе, за да немаш слични проблеми.

И така до заврцестен идентитет…напиша тој.

Под ова коментар му остави и министерот Димитров.

- Реагиравме и ќе продолжиме да реагираме. Прво, државјанството не е националност во смисла на етничка припадност туку врска меѓу граѓанинот и државата. Кај нас имаме мнозинство Македонци, но и етнички Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци итн. Сите се македонски државјани. Второ, државјанството според Преспанскиот договор е македонско/граѓанин на Северна Македонија. Ќе продолжиме да настојуваме административно доследно да се спроведува во сите држави. Идентитетот е во член 1 - македонски јазик и во член 7 - македонски народ, врз основа на нашето право на самоопределување, напиша Димитров.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2019 - 22:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега