Македонците од Германија од МНР бараат подобрување на услугите во дипломатско-конзуларните претставништва

Ние, Македонците кои живеме во Германија, се обраќаме до Вас со желба да се оптимираат услугите на нашите служби во Германија. Бројот на доселеници од Македонија во Германија расте од година во година. Додека потребата за точни и брзи информации се зголемува, начинот на работење на нашите дипломатско-конзуларни претставништва остана ист. Услугите кои ги добиваме од нив ги оценуваме како недостојни и недоволни за нас. Овие услуги се на застарено ниво и не нудат флексибилна, ефикасна и достојна услуга за нашите граѓани во Германија. Два галвни проблеми, поради кои се започнува оваа иницијатива, се
постапката за продолжување на патна исправа и општата достапност на информации, стои во писмената иницијатива на групата Македонци кои што се со престој во Германија.

-Да се поднесе и добие пасош во нашата амбасада е скоро невозможно, односно е поврзано со долга и нејасна постапка. Затоа најчесто сме приморани да ја почнеме таа постапка во Македонија, дури и во време на пандемија и други непредвидливи бариери за прекугранично патување. Исто така овие патувања се поврзани со дополнителни финансиски оштетувања, а не секогаш и се возможни бидејки тука имаме работни обврски. Понатаму, достапноста на информации е на едно поразително ниво. Веб страните не се ажурираат редовно, телефонско советување е речиси невозможно, или зависи од непрофесионални службеници. Ниту пандемијата како вонредна состојба во целиот свет не смени ништо во начинот на информирање, иако тоа беше попотребно од било кога, тврдат тие.

Имено, тие бараат и ги предлагаат следните мерки и подобрување на услугите:
1. Подобрување на информираноста на граѓаните.
-Бараме формирање на дежурен центар, кој ќе работи 365 дена во годината и ќе биде квалитетно обучен и опремен да доставува информации на граѓаните за состојбата на границите, за нивните права, како и секакви информации за дипломатско-конзуларните претставништва.
-Дежурниот центар може да е со седиште и во Македонија или во Германија, но да е достапен и на бесплатен или ниско тарифен германски фиксен телефонски број.
-Дежурниот центар да е достапен на македонски како и на јазиците на националностите кои живеат во Македонија

2. Можност за поднесување на документи и добивање на патна исправа во ДКП
-Опремување на ДКП исто како и секоја служба за патни исправи во Македонија
-Електронски систем за закажување на термин за поднесување на документи за нова патна исправа или лична карта
-Eлектронско поднесување на барањето за обнова на документите
-Mожност за фотографирање, исто како и во службите во Македонија
-Oпремување на сите ДКП како би биле достапни за повекето грагани кои живеат на територијата на цела Германија
-Така обработените барања да се праќаат веднаш до центарот за печатење во Македонија
-Изготвените пасоши да се доставуваат во најбрзо време со дипломатска пошта, а министерството да склучи и договор со авио компаниите кои би ја доставувале поштата.
-Готовите патни исправи да се доставуваат на граѓаните во Германија лично или преку куриерска служба со препорачана пошта до лицата кои со потпис и документ за идентификација ќе си ги добиваат на домашна
адреса, како не би морале да патуваат два пати во ДКП.
-За таа цел Амбасадата во Германија да склучи договор со една од куриерските служби кои ќе го извршуваат доставувањето
-Времетраењето од поднесување на апликацијата до добивање на пасошот да не трае повеке од двојно на една пасошка служба во Македонија
-Формирање на заеднички совет (Мин. За Надворешни, ДКП, Иницијатива на граѓани) кој ќе ја следи и ќе дава препораки за подобрување на услугата на ДКП во Германија
-Формирање на заеднички совет кој ќе се состанува најмалку еднаш во шест месеци и ќе изготвува записник кој ќе се доставува до владата и министерството за надворешни работи
-Советот ќе има за цел да дава предлози за подобрување на услугата на ДКП кои ќе се доставуваат и имплементираат заедно со министерството за надворешни работи и ДКП во Германија.

-Барањата се наслонети на начинот на работење на многу амбасади во Германија, така што не се работи за нереални барања. Веруваме дека со користење на достапната технологија и обучен, мотивиран кадар ќе се
овозможи достоен сервис за нашите граѓани, соопштуваат Македонците од Германија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.09.2020 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега