Мајката на новороденчето што беше пронајдено во замрзнувач доби 30-дневен притвор

30-дневен притовор доби Лидија М. (45) од Белград, која е осомничена дека во летото во 2016 година, во куќа во Земун, го лишила од живот своето новороденче. Мерката е изречена поради опасност од нејзино бегство.

Таа, претходно, во обвинителството ја изнесе својата одбрана. По сослушувањето, обвинителството му предложи на судија на претходна постапка во Вишиот суд во Белград да ѝ одреди притвор за да не влијае врз сведоци.

Лидија М. се сомничи дека го лишила од живот своето новороденче на тој начин што по породувањето на под во купатило во куќата во Земун, бебето го завиткала во пешкир, потоа и во неколку ПВЦ ќеси и го сместила на дното во замрзнувачот во куќата на поранешниот сопруг.

24.01.2023 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега