Мајката на ѕверски убиената Ѕвездана раскажа во каков пекол живеела нејзината ќерка:„Кога побара развод, главата и ја смачка со палка“

Мирјана Костиќ Влаиќ, мајката на Ѕвездана Бенкуб која беше брутално убиена од сопругот Слободан, рекла дека нејзината ќерка одлучила да се разведе после 13 години пеколен брак.

Звездана работела две работи за да го прехрани семејството, додека тој бил возач на камион и често отсуствувал од дома.

„Живеевме во Босна, па се преселивме во Америка.Тие двајцата се венчаа и живееја сами. Имаше други жени, а ќерка ми ја оставаше сама дома да го чува детето.

Кога му кажа дека сака развод, тогаш стана полош, не можеше да прифати да го остави.Кога дошла од работа ја зеал палката и ја убил“ раскажала мајката.

Полицаецот Реј Спенсер рекол дека детето кажало дека таткото ја удрил мајка му со бејзбол палка.Полицијата веднаш го сместила во автомобил и го одвезле дома за да ја проверат неговата приказна, чукнале на вратата но никој не отворил, па влегле низ отворениот прозорец.

Таму ја затекнале жената која лежела во локва крв, со повреда на главата, а до неа лежел и нејзиниот сопруг.Полицијата веднаш го привела  Слободан.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.05.2019 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега