Мајката монструм од Хрватска ја користела болната ќерка за донации - девојчето не дочекало ниту 12. роденден

Мајка на тешко болно девојче, кое починало од рак на коските, собирала пари за нејзино лекување во странство, а ги трошела на се освен на лекување, открива Повјерено Нова ТВ.

Единаесетгодишната Лана Бенделија во понеделникот починака откако на само десет години ѝ бил дијагностициран рак на коските. Нејзината мајка, Маријана Прпиќ минатата година тврдела дека на девојчето после хемотерапија му е многу лошо, дека лекарите ништо не ѝ објаснуваат и дека не сакаат да ѝ дадат извештај за Лана да може да се лекува во странство. Десет дена после дијагнозата со апел преку друштвените мрежи мајката лажно тврдела дека за детето во Хрватска нема лек и одбивала соработка со лекарите.

Сепак, лекарите ја искористиле законската можност и продолжиле со лекување на девојчето со хемотерапија и се пријавиле во Центарот за социјална заштита. Директорот на болницата рекол дека целокупното лекување е покриено со здравственото осигурување, а и доколку не било болницата ќе помогнела. Иако немало потреба за собирање на донации, во меѓувреме мајката на Лана собрала донации за лекување на девојчето воТурција или Германија, повикувајќи на линч на докторите, ХЗЗО и болниците.

„Лана ѝ беше извор за приходи. Тоа е она најстрашното на светот. Малото девојче беше на мајка си извор за приходуи затоа што таа жена ништо друго не спомнуваше, освен пари“, рекла нејзина пријателка, која ѝ помагала со донациите додека не сфатила дека мајката сето тоа го прави само за себе.

Нејзиниот поранешен партнер и таткото на полусестрата на Лана, не сакал да има работа со тоа во моментот кога видел дека мајката ги тропи парите за шопинг. Според неговите тврдења Лана примала четири циклуси хемотерапија, но раната на колената се комплицирла, така што морала назад во Германија, Откако раната била санирана, требала во февруари да прими хемотерапија, но тоа не се случило, па таткото на Лана повикал социјални служби во Германија, а Центарот за социјална заштита во Хрватска поднел кривична пријава.

Мајката му забранувала на таткото на девојчето да доаѓа, па покренал постапка во која барал самостојно донесување на одлука за лекување. Во пресудата стои дека мајката изнајмила стан во Германија каде девојчето било со неа од февруари до април, без воопшто да посетат лекари и да прими хемотерапија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2019 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега