Мајката ја заклала ќерката, па си пресудила себеси: Пресврт во семејната трагедија во Белград - убиството телефонски го најавила

Во стан во Будимска улица во Белград вчера беа пронајдени телата на 66-годишната Нада Митиќ и нејзината ќерка, 35-годишната Ана, а според првичните резултати од истрагата, постои сомнение дека мајката со нож до смрт ја избодела ќерката, па себе.

Телата, како што вели извор за Курир.рс биле на кревет, а покрај нив имало нож.

Strašno Ovde  su nađene mrtve  Nada i Ana Mitić

Полицијата за случајот ја известила сестрата на Нада, која живее надвор од Белград. Таа рекла дека Нада ѝ се јавила на телефон и рекла дека ќе се убие. Исплашената сестра веднаш тргнала кон Белград. Попат се јавувала кај Нада и Ана, но тие не одговарале. Дошла до станот и повикала полиција и кога патролата стигнала, влегле во станот.

Strašno Ovde  su nađene mrtve  Nada i Ana Mitić

Телата на мајката и ќерката биле во локва крв. И нада и Ана имале бројни рани. Засега не се знае што точно претходело на трагедијата. Се претпоставува дека Нада ја убила ќерката, а потоа си го одземала животот. Што точно се случило ќе биде утврдено со истрага, а телата се испратени на обдукција.

Повеќето соседи вчера биле во шок, затоа што како што велат, и мајката и ќерката биле многу пристојни.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.02.2021 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега