Мајка објави фотографија од своите деца: Мојата ќерка наместо да си игра, го теши братчето болно од леукемија

Фотографија од 5- годишната Одри која го држи малото братче Бекет, кој боледува од леукемија, додека повраќа после хамотерапија, стана вирална на интернет.

„Она што не ти го кажува никој за канцер кај деца, е дека го погодува целото семејство“ напишала Кејтлин Берг, мајка на двете деца од Принстон, Тексас.

„Секогаш слушаш за финансиски и медицински маки, но кој ти кажува за маките низ кои поминува семејството?Можеби за некој е тешко да го гледа и да го чита ова. Моите деца помеѓу кои има 15 месеци разлика, од играње дома, животот им се претвори во заеднично седење во ладна болничка соба“ напишала маката.

„Мојата ќерка која тогаш имаше 4 години гледаше како и го водат братчет со Брза помош. Гледаше како десетина лекари му ставаат маска за кислород, го боцкаат и му даваат лекови и сето тоа додека тој беспомошно лежи.Знаеше дека нешто не е во ред со нејзиното братче, нејзиниот најдобар другар“ пишува мајката под фотографијата.

„Месец дена откако излезе од болница гледавме како се мачи да застане на нозе. Веселото и полно со енергија момче стана поспано и болно. Не сакаше да се игра, а таа не можеше да разбере зошто не може ни да стои повеќе' напишала маката и додала дека е најважно да не ги двоите децата, болното од здравото, туку да ги оставите да живеат во нормални услови.

Таа напишала и дека кога му е лошо, сестричката секогаш му помага.

„Го носи до тоалетот, стои до него и го гали по грбот. Таков е ракот кај децата, заклучила мајката.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2019 - 16:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега