Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина при падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад точно пред една година, најави дека започнува штрајк со глад.

Таа ја соопшти одлуката за време на комеморативниот собир во Нови Сад, барајќи одговорност за трагедијата во која загинаа 16 лица.

„Ја започнувам оваа борба сама, со започнување штрајк со глад. Морам да знам кој го уби моето дете и кој уби 16 луѓе. Ќе штрајкувам со глад пред Градското собрание, спроти „Чациленд“ во Белград“, соопштила таа.

Таа се заблагодари на сите кои даваат поддршка и упати политичка порака.

„Се борам никој од нас никогаш повеќе да не заплаче. Ќе порачам само Александар Вучиќ да ги распише изборите“, изјавила Дијана Хрка.

Стефан Хрка почина на 1 ноември 2024 година, кога се урна реновираната настрешница на зградата на Железничката станица.

Exit mobile version