Мајка на 8 деца почина од коронавирус во Америка - сопругот откри дека не знае како се заразила

37-годишната Амбер Фетнер, мајка на 8 деца, починала како последица од коронавирус, а младата жена битката ја изгубила на 21. септември, откако била хоспитализирана.

Сопругот на починатата Амбер Травис Фелтнер објавил на Фејсбук 8 дена пред смртта на неговата сопруга дека таа тешко дише и дека е хоспитализирана за да биде вклучена на респиратор. Сепак, на жената во меѓувреме клиничката слика ѝ се влошила, ѝ откажале бубрезите, па брзо почината.

На денот на смртта, Травис споделил семејна фотографија: Ја изгубивме најдобрата мајка на светот, сопруга и пријател“, напишал тој во опис.

Тој открил дека Амбер не била вакцинирана, како и дека се плашела од реакцијата на вакцината. Како што раскажал, коронавирусот прво го добила нивната 19-годишна ќерка, но таа е добро, но и дека не му е јасно како неговата сопруга се заразила.

„Или добила од децата кои ја донеле од училиште или во продавница. Не сум сигурен“, рекол Травис.

Amber Feltner

14.10.2021 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега