Мајка монструм си ја продавала ќерката од нејзината 3-годишна возраст - сакала и да ја замени за ова

Мајка која ја продавала својата ќерка на мажи за секс од третата година од нејзиниот живот, прогласена е за виновна во четвртокот откако поротата го слушнала застрашувачкото сведочење на неименувата жртвз за тоа како мајката 13 години пуштала мажи да ја силуваат во замена за старо грозје и дрога.

Еднаш дури дозволила тројца мажи сексуално да се изживуваат над неа во замена за пари за кирија.

Триесет и седумгодишната Селест Чејмберс е прогласена за виновна откако нејзината ќерка раскажала дека мајката најмалку два пати неделно носела мажи во замена за пари или роба и ѝ велела дека не смее да кажува на никој.

Злоставувањето траело од 2003 до 2016 година.

Девојчето на почетокот не сакало да им каже на социјалните работници за силувањата, плашејќи се дека ќе западне во неволја.

-Ова дете цел живот преживувало кошмар, а за тоа е виновна нејзината мајка - изјавила обвинителката Ана Нороси.

-Добро е што луѓето сега сфаќаат дека трговијата со луѓе не е застапена само во филмовите - додала таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2019 - 20:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега