Мајка монструм од БиХ ја терала својата ќерка на сексуални односи со 32-годишник: Бабата ја спасила внуката

Мајка од Босна и Херцеговина ја терала својата 16-годишна ќерка на сексуални односи со 32-годишниот брат на нејзиниот нов сопруг. Тоа траело од јануари до 11 април, кога бабата на малолетничката го пријавила случајот во полиција.

По разводот на нејзините родители, старателството на тинејџерката го добил таткото, кој со месеци работел во странство, па таа била со нејзината баба. Во меѓувреме, нејзината мајка се премажила по трети или четврти пат.

Во јануари, таа ја наведила својата ќерка да отиде кај неа.

 

– Шеснаесетгодишничката го запознала и братот на новиот сопруг на мајка си. На малолетничката и било кажано дека ќе има своја соба, ако оди во куќата на 32-годишникот. Таа отишла и тогаш започнал пеколот – рекол извор за медиумите.

Бабата повикала полиција кога дознала од соседи на човекот, дека нејзината внука е „ставена во куќа со маж постар од неа“. Во меѓувреме биле уапсени мајката и 32-годишникот.

За време на истрагата, однесувањето на обвинетиот било шокантно, тој не мислел дека има ништо лошо во тоа што има сексуални односи со малолетничка.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.04.2019 - 11:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега