Мајка и син пронајдени мртви во стан во Велес- повеќе од еден месец не биле видени од соседите

Две безживотни тела се пронајдени денеска утро во стан во Велес, пренесува „Курир“.

Според информациите од полицијата, се работи за мајка и син.

Полицијата утрово пронајде две мртви тела во стан на улица 4-ти Јули во Велес, во близина на детската градинка кај Жаба зграда. Од полицијата потврдија дека добиле повик од соседи, кои се пожалиле на ужасна миризба која доаѓала од станот на починатите.

Според соседите, најверојатно се работи за мајка и син кои повеќе од еден месец не биле видени од соседите.

Јавен обвинител е на терен и врши увид, по што ќе се знае причината и времето на смртта на двајцата велешани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.04.2020 - 13:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега