Мајка ѝ е медицинска сестра, српската пејачка во тешките моменти испрати порака: „Нејзиното срце е како космосот“

Српската пејачка Јелена Томашевиќ се огласила на социјалните мрежи и изнела детали за приватниот живот кои никој не ги знаел.

Томашевиќ открила дека нејзината мајка по струка е медицинска сестра, па упатила силна порака.

„Мојата мама Снежана е медицинска сестра во Клиничкиот центар Крагујевац. Нејзината професија значи да води сметка за другите луѓе, но и надвор од болницата таа целиот свој живот безрезервно им помага на сите околу себе и на оние кои ги познава и на оние кои не ги познава. Нејзиното срце е големо како космосот и горда сум што токму таа ми е мајка. Вечерва во 20 часот одам повторно со своето семејство да им оддадам чест на здравствените работници со ракоплескање, на нашите вистински херои и на својата мајка која е мој херој“, напишала Јелена.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.04.2020 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега