Магла и врнежи - метеоролозите сопштија какво ќе биде времето деновиве

Под влијание на стабилна и сува воздушна маса, и во текот на следните неколку денови времето ќе биде стабилно, суво и сончево со сосема мала локална облачност. Ќе биде и претежно тивко па токму поради ова, по одделни котлини ќе има појава на магла и на ниска облачност, информира метеорологот Славчо Попоски.

За време на викендот ќе има зголемување на облачноста, а одсега гледано условите за врнежи ќе започнат да растат во недела попладне и навечер.

Максималните дневни температури ќе бидат над просекот и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 16, 17 степени, додека во местата со магла ќе се задржи постудено.

Во Скопје продолжува периодот на стабилно и суво време, но ќе започнат да растат условуте за магла и ниска облачност. Максималната дневна температура ќе се искачува  во интервалот од 6 до 8 степени.

Минималните температури пак на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, додека на некои места истите ќе се спуштаат и под -5 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.11.2020 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега