Мадуро разоткри пред цела нација: 20 милиони долари беше платено за моето убиство

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, изјавил дека обидот за неговото убиство чинел 20 милиони долари.

-Проектот на кое убиство, чиј обид беше извршен на 4. автгуст чинеше неколку милиони долари. Станува збор за 20 милиони долари - рекол Мадуро, жговорејќи пред војниците.

Тој им се заблагодарил на припадниците на известувачките служби и полицијата за храброста која ја покажале во заштитата на претседателот.

Во август минатата година, два дрона опремени со експлозив беа детонирани во близина на Мадуро додека говореше на воената прослава по повод одбележувањето на 81. годишнина од основањето на Боливарската национална гарда.

Венецуелските власти тогаш уапсиле 6 лица осомничени за употреба на дронови со по килограм експлозив во обид за атентат на претседателот на државата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега