Мадона: „Ова е тешка болест, простете ми“

Мадона откри дека поради исцрпеност и болка морала да откаже неколку настапи, иако, како што велат нејзините фанови, тоа воопшто не е карактеристично за неа.

Нејзините настапи и концертни тури кои ги има по цел свет, секогаш биле енергични и се чинеше дека кралицата на попот никогаш нема да запре.

Сепак, таа сега проговори за проблемите со кои се соочува и тоа по пат на својот Инстаграм.

„Простете ми за овој неочекуван развој на настаните. Да се има концерт секој вечер, за мене е голема радост, но и болката која ја чувствувам стана преголема“– порача Мадона и додаде:

„Тешко ми е да признаам дека сум од крв и месо, но колку тоа и да го порекуваме, така е. Морам да одмарам за да заздарви коленото – напишала Мадона и додала дека никогаш нема да се откаже од пеењето иако боледува од тешка болест.

Јас не се откажувам. Ова е тешка болест, но морам да ги соблечм штиклите и најлонките на неколку дена“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 23:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега