М-НАВ информира дека успешно се завршени градежните активности за целосна демонтажа на преостанатите делови од стариот радар.

Временскиот „прозорец“ со намален авиосообраќај овозможил работите да се реализираат брзо, безбедно и без никакво влијание врз редовното одвивање на летовите.

Со оваа акција, теренот е целосно расчистен и подготвен за следната голема инвестиција – инсталација на нов, современ радарски систем кој значително ќе ја подобри контролата на летање.

„Работите, како што информираат, биле реализирани во период со магла и намалена видливост, кој бил оптимално искористен за комплетно и безбедно завршување на активностите, без какво било влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај. Со оваа фаза се заокружува процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како предуслов за понатамошните активности поврзани со инсталацијата на новиот модерен радарски систем. М-НАВ и понатаму останува целосно посветен на безбедноста и континуитетот на воздушниот сообраќај, како и на навремена и професионална реализација на сите планирани активности“, соопштија од М-НАВ.

Exit mobile version