Лукашенко смирува: Нема да испратам војска во Украина

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во четвртокот вечерта дека нема да испрати своја војска на територијата на Украина бидејќи тоа нема да реши ништо, пренесе Спутник.

Лукашенко им рече на белоруските новинари дека нема да ја воведе својата војска во Украина бидејќи нема потреба од тоа. Тој истакна дека во моментов може да активира од 35.000 до 40.000 војници на тој простор, но дека тоа нема да го реши проблемот.

Тој исто така рече дека САД не сакаат мировни преговори поврзани со ситуацијата во Украина и дека Американците се плашат само од нуклеарен конфликт.

Според него, САД владеат со Полска и се плашат само од нуклеарно оружје, чија употреба, како што тврди, ќе ја направи ситуацијата исклучително жешка.

Тој исто така нагласи дека треба да се преговара разумно, односно да се зборува за постигнување мир.

Пред извесно време тој посочи дека раководството на Украина треба да преземе чекори за прекин на војната, доколку не сака уништување на земјата и смрт на огромен број луѓе,пренесе Аваз.ба.

25.11.2022 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега