Лукашенко се закани: Ако НАТО се активира - руските трупи може да стигнат за еден ден

Доколку се активира НАТО, руските трупи може да пристигнат во Белорусија бргу, за еден ден, изјави претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.
Како што нагласи, за време на состанокот со рускиот претседател, Владимир Путин, во Сочи, немало конкретни разговори за трансфер на руски воени единици или за формирање воени бази. Ваквите активности се предвидени со концептот на воена безбедност на алијансата на Русија и Белорусија, пренесуваат медиумите во Белорусија.

„Доколку има некаква напнатост, ако забележиме дека се активирани во НАТО, па сè до воен конфликт, во рок од еден ден руските единици и трупи ќе бидат префрлени во Белорусија за што има одредено и бази, аеродроми и др.“, вели претседателот на Белорусија, пренесува државен портал во таа земја.

Белорускиот лидер посочи дека таквата опција е можна само во случај на влошување на воената состојба и додаде дека Западот нема право да ја прекорува Белорусија за распоредувањето руски војници.

„Вие префрлате и формирате бази во Полска. Тие не го гледаат трнот во нивното око, а почнуваат да нè убиваат нас во сите насоки“, изјави Лукашенко.

Тој исто така додаде дека Русија ќе ѝ испорача модерно оружје на Белорусија и им нареди на официјалните лица да состават список со потребното оружје заедно со нивните руски колеги.

Путин и Лукашенко се состанаа во Сочи на 28 и 29 мај и ова е трета средба на двајцата лидери од почетокот на оваа година.

01.06.2021 - 20:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа