Лукашенко открил од кои три држави се командува со протестите во Белорусија! Сè сe врши телефонски

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денес изјавил дека протестите во Минск и другите градови во Белорусија "се оркестрирани телефонски" од Полска, Велика Британија и Чешка, а дека руски, полски и украински државјани се обиделе да учествуваат во демонстрациите.

Како што рекол на состанокот со шефот на Извршниот секретаријат "CIS", Сергеј Лебедев, повиците се следеле и дошле од три земји, пренесува "Tas s". 

"Повиците се пратени од Полска, Чешка и Велика Британија, за да се контролираат, да ми простите, овците - кои не разбираат што прават, а лесно е да се контролираат", рекол Лукашенко.

"Нема да ја споменувам Полска, нема да зборувам за Украина, луѓето се дојдени од таму, сигурен сум дека тоа не е државна политика, меѓу таму има многу луѓе "луди за Мајдан", кој веќе го споменував. За жал, некои луѓе се дојдени и од Русија", рекол Лукашенко.

Тој рекол дека ќе настојува да спречи настани како Мајдан и прописно ќе одговори на обидите да се подели земјата.

"Тука нема да се случи Мајдан како во Украина, без разлика што некој го сака тоа. Сите треба да се смират", рекол Лукашенко.

Како што кажал, адекватно ќе одговори и на обидите земјата да се дестабилизира.

Во неделата навечер, откако биле соопштени првите резултати од претседателските избори, дошло до демонстрации во текот на кои демонстрантите се судриле со полицијата, а после тоа биле уапсени 3.000 учесници.

На тие избори Лукашенко го освоил шестиот мандат, освојувајќи 80,23 проценти од гласовите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.08.2020 - 22:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега