Лукашенко: На коронавирус се подложни оние кои вчера пиеле, а денес пушат

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, смета дека на зараза од коронавирус се подложни луѓето кои „вчера пиеле, а денес пушат“.

„Вие и јас го цениме здравјето на секој пациент повеќе отколку што таа личност самата го цени своето здравје - во тоа е нашиот проблем. Сите се смееја кога пред една година зборев дека сите треба да се занимаваме со спорт, да трчаме, помалку да пиеме и да избегнуваме пушење. Боже чувај не, мислеа луѓето. За што, по ѓаволите, зборува претседателот? А денес веројатно тој несреќен вирус ги наоѓа оние кои вчера пиеја, а денес пушат“, изјавил Лукашенко.

Да потсетиме, Белорусија е една од ретките земји во Европа во која се уште не е воведен режим за самоизолација.

Во таа земја има вкупно 861 лица заразени, а 13 починале.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2020 - 08:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега