Лукашенко го извести Путин: Истрагата против девојката на уапсениот блогер ќе се спроведе во Белорусија

Александар Лукашенко изјави дека го известил Владимир Путин дека истрагата во врска со Софија Сапега ќе се спроведе во Белорусија. Софија Сапега е девојка на уапсениот белоруски опозициски блогер Роман Проташевич.

Сапега е руска државјанка, а беше задржана со своето момче Проташевич на 23 мај, откако нивниот лет од Атина до главниот град на Литванија, Вилнус, беше пренасочен и принуден да слета во Минск, потсетува „Ројтерс“.

„Истрагата за Проташевич и Сапега ќе се спроведе во Белорусија. Му го кажав тоа на претседателот на Русија (за време на минатонеделниот состанок во Сочи)”, го цитираше Лукашенко „Белта”.

Макфакс

01.06.2021 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега