Лукашенко: Ако некој ги нападне Русија и Белорусија - нема да трепери само Европа

 

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека во случај на напад од запад или југ, Белорусија ќе одговори заедно со Русија.

– Во случај некој да не нападне, не можете ни да замислите како можеме да одговориме. Нема да го разгледуваме проблемот со валкана, чиста нуклеарна бомба. Ќе одговориме така што нема само Европа да трепери. Ова е нашата заедничка група на вооружени сили, изјави Лукашенко за „Првиот канал“ на маргините на самитот на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ) во Ереван.

Тој ги коментираше и претпоставките на американските медиуми дека белоруската армија наскоро ќе влезе во Украина.

– Тоа е целосна глупост. Ако се вклучиме во конфликтот со армијата, нема да направиме ништо позитивно, напротив, ќе направиме уште полошо. Тоа не е улогата на Белорусија во тој конфликт, рече Лукашенко.

24.11.2022 - 09:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега