Лукаревска: Со даночната реформа ќе се стеснува листата на добра и услуги со повластени даночни стапки

Даночната реформа е во фаза на подготовка и ќе донесе промени кај ваучер системот, како и стеснување на листите на добра и услуги со повластени даночни стапки, изјави денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
 
-Ќе има промени во делот на ваучер системот. Тоа се работи интензивно во дел на една работна група, односно да го закајнеме контролниот механизам. Меѓутоа, сепак и тоа ќе биде дел од даночната реформа, ќе има ревидирирање на онаа листа што значи добра и услуги со пет проценти повластена стапка, и она што значи добра и услуги со 18 проценти повластена стапка. Исто така, ќе има ревидирање на одредени даночни ослободувања и олеснувања за посебни целни групи за да видиме дали истите тие целни групи го даваат соодветниот ефект во полнењето на буџетот, изјави Лукаревска на новинарско прашање по дебатата за женско претприемништво организирана од УЈП.
 
Таа не сакаше да го коментира интервјуто на министерот за финансии за Дојче Веле кој спомена дека ќе се интервенира, кај ДДВ-то, Данокот на личен доход и данокот на добивка, и најави дека тоа ќе биде тема на разговор на денешниот состанок во Министерството за финансии каде што се дефинираат сите поенти од даночната реформа, која откако ќе се дефинира  ќе биде споделана со јавноста и даночните обврзници.
 
Лукаревска потврди дека ќе се стеснува групата на производи со повластени даночни стапки бидејќи вели, сме една од ретките земји и во регионот и во Европа кои што имаат многу голем број и на услуги и на производи кои се одданочени со повластена даночна стапка од пет отсто.
 
Посочи дека од системски аспект УЈП ќе се обидат да ги запазат сите рокови со цел брза имплементација на промените во даночниот систем кој би требало да почне да се спроведува од 1 јануари, следната година, потенцирајќи дека ќе инсистираат навреме да бидат информирани за сите детали како институција која е главна спрега меѓу Министерството за финансии, компаниите и физичките лица.
28.11.2022 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа