Лукаревска: Со Алтернатива имаме исти заложби- европска интеграција и иднина

Во период што следува ќе видиме како ќе се развиваат работите во Собранието. СДСМ не прави отстапки во преговорите за проширување на мнозинството. Заложбите со Алтернатива ни се заеднички, а тоа се евроинтегративниот процес и прогресивните политики во државата, кажа заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во емисијата „Трилинг“ на ТВ24.

 

Таа додаде дека тоа и досега било заложба на Владата на СДСМ и тоа ќе остане и понатаму. Лукаревска најави дека во период што следува времето ќе ги расчисти сите нејаснотии.

-Битно е да го задржиме она што значи државничко владеење, како што доликува на земја кандидат за ЕУ и интегрирана во НАТО. Најважно е земјата да продолжи да функционира и покрај светските проблеми кои ни престојат, кои верувам дека ќе ги изменаџираме успешно како до сега, рече Лукаревска.

19.11.2021 - 21:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега