Лукаревска: Скопје е бренд,нашето детство, сегашност и иднина

Скопје е бренд, Скопје е  нашето детство, сегашност и иднина, Скопје е нашата младост, спомени, Скопје знае да сплотува и зближува, Скопје го заслужува најдоброто, а СДСМ секогаш го нуди најдоброто за Скопје, порача заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ вечерва во Скопје.

Лукаревска истакна дека СДСМ има одлична кадровска и програмска понуда.

Направивме многу промени, поставивме високи приоритети и потврдивме дека СДСМ секогаш е прв и единствен во промените, истакна Лукаревска, додавајќи дека СДСМ го наметна родовиот пристап во сите сфери на општественото живеење.

Драги пријателки, драги другарки, ова е наше време. Ние го пренесуваме гласот на позитивните промени, ја имаме поддршката. Храброста пренесува храброст, и затоа ве охрабрувам да имаме што повеќе жени кандидатки за градоначалнички и советнички, истакна Лукаревска.

Таа нагласи и дека младите се силата и предизвик на СДСМ, потенцијалот на СДСМ, размислуваат модерно и делуваат храбро, го сакаат најдоброто за нивното маало општина, град.

Младите се столб да го обезбедиме заедно најдоброто за градот Скопје, нагласи заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

11.06.2021 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега