Лукаревска од Битола: Граѓаните препознаваат дека СДСМ ја има најдобрата понуда и тоа ќе го потврдат и на денот на изборите

Заменик претседателот на СДСМ, Сања Лукаревса вечерва во Битола рече дека партијата ги има најдобрите кандидати во првата изборна единица.

-Во првата изборна единица СДСМ и Коалицијата ја имаат најдобрата понуда за градоначалници на Град Скопје – Петре, на Центар – Горан, на Карпош – Душко, на Аеродром – Александар, на Кисела Вода – Филип, на Сопиште – Сашо, за Македонски Брод – Живко, ја имаме и најдобрата понуда на листи за советници во Сарај, Чаир и Студеничани. Ова се нашите најдобри кандидати. Тие знаат како да ги развиваат општините и градот Скопје. Ние ја имаме најдобрата понуда, затоа што имаме јасен план и визија. За секое маало, за секое село, за секој град. За целата држава, рече Лукаревска.

Вели дека опозицијата од другата страна има неизвесност, уцени и закани.

-Тоа знаат да го препознаат граѓаните, знаат да ја направат таа разлика, затоа што сме фаворити во секој поглед, затоа што сме најдобри на сите анкети, затоа што на 17 октомври ќе бидеме победници. Ќе победиме во Битола и во целата држава, рече Лукаревска.

27.09.2021 - 21:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега