Лукаревска: Ќе направиме се да им помогнеме на фирмите

Директорката на УЈП Сања Лукаревска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ги објасни процедурите за користење на мерките донесени од Владата.

„Донесени се две уредби, уредба за ослободување на месечните аконтации за данокот на добивка за месеците март, април и мај, и уредба за ослободување од плаќањето на плаќањето на аконтациите од данокот на личен доход“, посочи Лукаревска.

Таа додава дека ќе има и други соодветни уредби во интерес на стопанството за време на ова криза.

 Лукаревска посочи дека ќе направат се за да им помогнат на фирмите.

„Ќе направиме се што е во наша можност за да им олесните, да соработуваме“, порача Лукаревска.

Лукаревска додава дека има 13,3% намалување на приходите во однос на истиот период лани.

„Ние во периодот јануари-март 2020 година имаме наплатено 19 милијарди даночни приходи, тоа е некаде 13,3% намалување во споредба со планот кои го имаме за реализација на даночните приходи“, истакна таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.04.2020 - 23:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега