Лукаревска: И во време на криза покачуваме минимална плата и пензии, се грижиме за сите граѓани

Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 Телевизија посочи дека СДСМ и во време на здравствена, на економска и енергетска криза докажа што значи вистинска грижа за сите категории граѓани.

Преку одговорен и домаќински пристап успеавме и во време на глобална економска криза ги зголемивме пензиите и минимална плата чекор. За само шест години, по чекор, стигнавме до износ од 20.175 денари минимална плата, со што покажуваме почит кон работнциите. Донесовме неколку пакети на антикризни мерки и за време на криза никого не оставивме сам и маргинализиран. Три буџети имаме доносено за време на кризи, 775 милиони евра имаме вратено ДДВ кон компаниите и треба да се знае дека ние како Влада најголем дел од мандатот го минавме во време на кризи“ порача Лукаревска.

Одговарајќи на прашања околу парламентарни избори, заменик претседателката Лукаревска истакна дека изборите ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година, а перидот до тогаш треба да се искористи за да се реализираат предвидените реформи важни за граѓаните и државата.

16.03.2023 - 20:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега