Лукаревска: До крајот на неделата ќе биде доставен прочистениот список на добитниците на помошта од 6.000 денари

 

Управата за јавни приходи во текот на оваа недела треба до Генералниот секретаријат на Владата да го достави прочистениот список на оние кои добиваат финансиска поддршка од 6.000 денари за купување домашни произоди, со цел  да се направи соодветна објава.

Ова го соопшти директорката на УЈП Сања Лукаревска, наведувајќи дека станува збор за повеќе сетови на податоци кои трба да бидат точни затоа што сите неточни се враќаат на обработка.

Ова е дел од четвриот пакет антикризни мерки, кој предвидува помош од 6.000 денари за повеќе ранливи категории. Станува збор за граѓани со низок доход, самохрани родители, пензионери со пензии до 15.000 денари, невработените кои се пасивни баратели на работа, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, корисници на право на социјална сигурнот на стари лица, деца без родители и родителска грижа…

Средствата ќе се префрлаат на трансакциска сметка на граѓаните, а треба да се искористат до 25 декември

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2020 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега