Ако во вашето опкружување имате бебе што се вика Лука или Хана, не сте единствени. Ова се убедливо најчестите имиња што родителите во Македонија ги избирале за своите новороденчиња во текот на 2024 година.
Според најновата публикација на Државниот завод за статистика, „Северна Македонија во бројки 2025“, трендот на кратки и звучни имиња продолжува, но не изостануваат ниту традиционалните.
Топ 10 имиња за момчиња: Покрај Лука, најпопуларни машки имиња се: Дамјан, Матеј, Марко, Михаил, Јаков, Давид, Јован, Петар и Матео.
Топ 10 имиња за девојчиња: Кај девојчињата, по Хана, листата продолжува со: Јана, Софија, Дуа, Ана, Јована, Миа, Мила, Сара и Бисера.
Статистиката вели дека минатата година во земјава се родиле вкупно 16.061 дете. Од нив, момчињата се побројни – родени се 8.277 машки, наспроти 7.784 женски бебиња.

