Луѓето секојдневно го јадат - колачето кое може да усмрти за неколку минути и понатаму е омилено

 

Познатото јапонско колаче „Мочи“ е направено од ориз, а во Јапонија најмногу се јаде за време на новогодишните празници. 

Неодамна во таа земја две лица починаа, а неколку се во критична состојба по задушување со традиционалните колачи од ориз што се дел од јапонската трпеза во пресрет на Нова година.

Mochi

Можеби изгледаат безопасно, но секоја година ова јадење одзема неколку животи, поттикнувајќи годишни предупредувања од официјалните лица.

Што е мочи?

Мочи е кружно колаче направено од мек ориз. Оризот прво се вари на пареа, а потоа се удира и се згмечува. Како резултат на тоа, се создава леплива оризова маса од која се создава кружна форма, а потоа или се пече или се вари.  

Колачињата се лепливи. Со оглед на тоа што се многу поголеми од еден залак што обично го каснуваме, тие треба да бидат добро изџвакани пред да се голтнат. Секој што не може правилно да џвака, како што се децата и постарите лица, веројатно ќе има тешкотии при јадењето. Доколку не се изџвакаат соодветно, туку само се проголтаат, лепливите мочи се заглавуваат во грлото и може да дојде до задушување.

Според јапонските медиуми, 90 отсто од оние што побарале помош поради задушување биле на возраст од 65 години или постари.

Кој е безбеден начин за нивно јадење?

Џвакање, џвакање и џвакање. Ако тоа не е возможно, тогаш оризовите колачиња треба да се исечат на помали парчиња. 

Секоја година властите издаваат јавни предупредувања во пресрет на новогодишните прослави во кои се советуваат луѓето, особено младите и постарите, да јадат мочи на помали парчиња. Сепак, и покрај предупредувањата, секоја година има смртни случаи предизвикани токму од овие колачиња.

 

 

 

10.01.2018 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа