„Луѓето кашлаа, повраќаа и врескаа“ - Младиот пар раскажа како успеале да се спасат

Стабилна е состојбата на преживеаните во трагичната несреќа која се случи вчера на автопатот Струма во соседна Бугарија, пренесува порталот „Onair.bg“.

Додека автобусот се движел, удрил во тротоарот од десната страна, а потоа пукнала гума и настанал пожарот, по што по 20 метри автобусот сам застанал, вака ја започнува својата приказна 26 годишниот Лулзим кој е меѓу седумте преживеани заедно со неговата свршеница.

До него во автобусот спиела неговата свршеница Медина која раскажа дека преживеала вистински пекол.

„Заспав и одеднаш ги слушнав патниците како плачат и викаат. Црниот чад беше како експлозија на бомба. Сите спиевме, околу два часот по полноќ започна кошмарот. Слушнав како плачат деца, имаше многу деца“, раскажува Медина.

Нејзиниот свршеник додава дека луѓето почнале да кашлаат, повраќаат и врескаат како во хорор филм.

-Успеав да го скршам страничното стакло на автобусот и скокнав, а потоа ја повлеков и мојата свршеница која не можеше да оди бидејќи пред несреќата и беше скршена ногата, вели тој.

24.11.2021 - 16:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега