Лорис се враќа на тренинзите за десетина дена

Голманот и капитен на Тотенхем, Иго Лорис нема да настапи на утрешниот натпревар против Ливерпул и најверојатно ќе започне со тренинзите околу 24 септември.

Toj минатиот месец бeше запрен при рутинска полициска контрола и не го поминал тестот за алкохол, a потоа беше приведен. Судот во Лондон во средата поради возење во алкохолизирана состојба му изрече парична казна од 50.000 фунти и му ја одзеде возачката дозвола на 20 месеци.

Во меѓувреме, од Тотенхем соопштија дека Лорис се повредил, но дека не станува збор за сериозна повреда и дека тој повторно ќе почне да тренира за десетина дена.

Лорис во новата сезона досега пропушти два натпревара.

 

 

 

14.09.2018-16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега