Локвенец: Работните групи работат на усогласување на ставовите за новиот закон за ЈО

Работните групи на парламентарните партии денеска работат на усогласување на ставовите за новиот закон за јавното обвинителство, изјави пратеникот Хари Локвенец додавајќи дека СДСМ им дава шанса на преговорите.

– Би сакал да пренесам дека во овој момент работните групи работат за усогласување на ставовиве поврзани со законот за јавно обвинителство. Тоа само по себе покажува дека даваме максимални напори за усогласување на ставовите за обезбедување на двотретинското мнозинство, всушност консензуално решение на овој проблем, сакајќи заеднички да го креираме законот кој треба да се донесе а е поврзан со јавното обвинителство. Им даваме шанса на преговорите, изјави Локвенец одговарајќи на новинарско прашање.

Локвенец не го коментираше барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за итна седница за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, туку кажа дека тие ќе го потврдат својот став изнесен на Комисија, на пленараната седница што ќе ја закаже претседателот на Парламентот Талат Џафери. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.09.2019 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега