Локвенец: Годинава се покажуваат вистинските резултати во економијата, градиме интензивно по план

Не сме само оптимисти, туку покажуваме дека годинава се гледаат вистинските резултати во економијата, рече пратеникот на СДСМ Хари Локвенец, на гостувањето во емисијата Топ тема на Телма, додавајќи дека парите наместо на непродуктивен начин за жални врби и бикови, се враќаат кај граѓаните и се користат за проекти, кои се во интерес на граѓаните.

 Дали граѓаните можат да живеат со плата од 200 евра како порано, запраша Локвенец, образложувајќи ја мерката на владата на СДСМ за зголемување на платите, зголемување на минималната плата, концепт за кој се противи само ВМРО ДПМНЕ. 

Тој нагласи дека оваа мерка за дополнителни субвенции за покачување на платите е во насока на подобрување на животниот стандард, задржување на младите, креирање на иднина и додаде дека мерките ќе овозможат  и линеарано зголемување на пензиите.

Локвенец најави дека на 23 септември се отвора тендерот за нов автопат, кон Косово, додавајќи дека за една година е извршена рехабилитација на 500 километри патишта, за разлика од претходните 11 години.

Градиме по план. Гасификацијата ќе биде целосно реализирана годинава, во завршна фаза е пругата Битола – Кременица, како и  Куманово – Бељаковце, а наскоро ќе следи тендер за вториот дел од пругата од Бељаковце до Крива Паланка, наведе  Хари Локвенец, во врска со капиталните инвестиции на владата предводена од СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.09.2019 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега