Локализиран пожарот на пругата кај селото Дељадровци

Противпожарниот воз и екипите на македонските Железници го локализираа и ставија под контрола пожарот на пругата кај скопското село Дељадровци, на коридорот десет.

-Од пожарот се оштетени 400 прагови кои ќе бидат променети  во најбрз рок. Се става уште еден државен ресурс во справување со пожарите, изјави за МИА Хари Локвенец, директор на Железници и инфраструктура.

Противпожарниот воз и дежурната екипа остануваат на терен, за да се спречи повторно активирање на пожарот.

10.08.2021 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега