Лога-Вуцас: Ќе се унапреди соработка со Австрија за спроведување на реформските приоритети

Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со амбасадорот на Австрија, Н.Е Георг Вуцас. На средбата, амбасадорот Вуцас беше информиран  за активностите кои ги презема Министерството за правда во делот на реформите за изборните правила, законите кои се во собраниска процедура, евроинтегративниот процес и владеењето на правото. Беше отворено и прашањето за ветингот при што министерот за правда Кренар Лога рече дека очекува од Австрија и од меѓународната заедница целосна поддршка за реализација на овој процес. Се разговараше и за уставните измени и очекувањата наскоро да отпочнат стручните јавни расправи на оваа тема.

На денешната средба се разговараше и за работната посета на министерката за правда на Австрија, Алма Задиќ која доаѓа во  нашата земја на 29 март.  Министерот за правда Кренар Лога и амбасадорот на Австрија Н.Е Георг Вуцас ги договараа деталите за средбата и меморандумот за соработка кој ќе треба да се потпише.  Лога и Задиќ ќе ги споделуваат практичните искуства на двете земји од областа на кривичната и граѓанската материја а ќе се организира и заедничка работилница со експерти од двете држави.

17.03.2023 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа