Љутков: Со пари на граѓаните СДСМ задоволува политички барања во културата

Годишната програма за култура за 2020 година е повеќе од скандалозна. Критериумите по кои се делат парите на граѓаните се политички, а политиката и културата не одат заедно. Затоа три години не постои ниту „к“ од културата која во континуитет тоне, обвини Зоран Љутков.

„Кај уметниците и културните работници се јавува сомнеж како се одлучувало кој проект да добие, а кој да не добие средства и поддршка. Така на пример имаме случај во кој на Меѓународниот фестивал „Пеце Атанасовски“ – Долнени, што е 46-то издание по ред годинава, му се доделуваат помалку пари од 29-тото издание Фестивал на преработени и стилизирани албански песни „Кенге јехо“, исто како и на некој КУД „Лулет е Малсис“ „Јануарски Пламен 2020“. За „Гоце Фест“ се одвоени само 100.000 денари, а годинава е 35 годишен јубилеј. И само за споредба ако за „Гоце фест“ се одвојуваат ситни суми, милиони се доделуваат на проекти како „Контрапункт“ во износ од 1 милион денари, Факултет за работи што не се учат од 1 милион и 250 илјади, „Јадро“ во износ од 1 милион и 100 илјади, „Локомотива“ во износ од 1 милион, Центар за современи уметности Скопје во износ од 650 илјади и слично. Овде нема ниту логика, ниту јасна поддршка на културата во Македонија“, рече тој.

За жал, додаде Љутков, оваа година како и изминатите три годишни програми сме сведоци на скандалозни одлуки, со кои, како што кажа, наместо унапредување на културата и јакнење на институциите гледаме поткусурувања со партиска и политичка позадина.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.02.2020 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега