Љубовен базар во Скопје

Љубовен базар ќе се одржи од утре до Денот на вљубените – 14 февруари во Скопје.

На базарот, што ќе се одржи во Веро центарот, ќе може да се набават уникатни рачни изработки на „Тиноски", избрана литаратура од „Сакам книги", цветни аранжмани и украсни растенија од „Зелена" и крофни од „Слаткограм". Посетителите на базарот ги очекуваат и дизајнирани чорапи од „Quick sox", накит од „Coral jewelry", дизајнерски винтиџ парчиња од „Игралиште", како и украсни свеќи од „Lit candle".

– Совршени подароци за вљубените со специјални попусти и многу изненадувања ги очекуваат посетителите на Првиот љубовен базар што ќе се одржува во Веро центар. Почнувајќи од утре, атрактивни изложувачи од земјава на посетителите ќе им ги понудат своите најдобри производи по специјални промотивни цени, соопшти маркетинг-одделот на Веро.

 

09.02.2022 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега