„Љубојна“ хонорарот од концерот организиран од Влада, ќе го донира

Хонорарот за настапот на концертот, организирани од Владата за поканата на Македонија во НАТО, групата Љубојна ќе го донира за терапија на болно детенце, соопшти групата преку Фејсбук.

„Настапот на Љубојна, кој што сите нé растревожи, во сабота на 14.07, е закажан многу порано пред да знаеме за каков настан се работи и не е поврзан со личниот став на членовите на групата. Љубојна ќе настапи во свој манир, со добро познатата автентична програма и ќе продолжи и понатаму да ја презентира нашата музичка култура во земјата и во светот, без никакви отстапки. 
Парите ќе бидат донирани за терапијата на едно болно детенце, како и на "Одделот за традиционална музика и игра" при ДМБУЦ "Илија Николовски - Луј", за понатамошен развој и истражувачка дејност.
За сета "лавина" од сите вас кои искрено ни се обративте, како и вие дежурни фб "душегрижници", ви благодариме и продолжуваме посилно. Музичарите не се и не треба да бидат бедем за револт и распетие!
Ова е нашиот официјален став и ве молиме да не пишувате измислени изјави, кои не сме ги дале. Порталот/ите што објави/ја изјава без истата да биде дадена, очекуваме да напише/ат демант. Не би сакале нашата понатамошна комуникација да продолжи преку тужба.
Срдечно, Љубојна„ напиша групата на својот фејсбук профил.

 

 

 

14.07.2018 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега