Љубљана: Хрватска „извезува“ коронавирус во Словенија

Портпаролот на словенечката влада за Ковид-19, Јелко Кацин изнесе низа остри критики на сметка на хрватската влада и епидемиолозите кои ги обвини за „извоз“ на коронавирусот во Словенија.

 

Во разговор за неделникот „Репортер“ Кацин се пожали и на однесувањето на новинарите кои го критикуваат и пораките на социјалните мрежи дека неговото однесување е „лицемерно“ бидејќи ги предупредувал граѓаните на опасноста од летување во Хрватска, додека и тој самиот летува во Хрватска, во Крк, каде има куќа.

Тој додал дека некои хрватски медиуми пред куќата му испраќале „папараци“ за да го сликаат и од него да земат изјава, како и дека тој во Крк е „на свој, а не на нивни терен“.

„Не и посакувам ништо лошо на Хрватска, но (заради растот на заразени случаи) таа станува вистинска закана за државите на ЕУ, поради големиот број на туристи“, рекол Кацин, пренесува Хина.

Кацин додал дека ако Хрватска сама не се погрижи за подобра епидемиолошка слика, тогаш никој не може да и помогне.

Кацин во интервјуто бил многу критичен спрема спорните одлуки на хрватската влада за ограничување на работата на ноќните клубови и други места за забава, од каде по податоците на словенечките епидемиолози доаѓаат голем број на импортирани заразени случаи во Словенија, а ги пренесуваат младите кои летуваат во хрватското крајбрежје.

Кацин во разговорот реторички прашал „дали е неопходно отворањето на такви клубови во Хрватска заради туристичката сезона“ или заради „екстрапрофит“ на некои влијателни сопственици на клубови.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.08.2020 - 22:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега