Литургија на помирување за возобновување на канонското единство на СПЦ и МПЦ-ОА по 55-годишниот спор

Со вчерашната заедничка архирејска литургија на помирување во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со која чиноначалствуваа српскиот патријарх Порфириј и архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан, е потврдено надминувањето на 55 годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристиското општење.

Во литургиската беседа, српскиот патријарх Порфирије рече дека е зацелена длабоката и болна рана на расколот и оти се случило чудо Божјо. Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, пак, кажа дека е воспоставено единството со СПЦ, а со тоа и со сите православни цркви и изрази надеж дека деновиве ќе биде и радосната вест за афтокефалност на МПЦ-ОА.

Литургијата се одржа откако завчера Синодот на МПЦ-ОА ја прифати поканата на СПЦ за служење литургија на помирување, чиј Синод претходни прифати статус – најширока можна автономија за македонската црква, со што се става крај на 55 годишниот спор меѓу двете сестрински цркви 

На заедничка литургија на поглаварите на МПЦ-ОА и на СПЦ и на владици од двете цркви во храмот „Свети Сава“ во Белград, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во своето обраќање ѝ се заблагодари на СПЦ за тоа што ја поздравила одлуката на Вселенската патријаршија.

20.05.2022 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа