Липавски во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи на Чешката Република, Јан Липавски, денес ќе престојува во официјална посета на Македонија при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во фокусот на разговорите ќе биде евроинтегративниот процес на нашата земја и конзистентната чешка поддршка на тој план, нашето претседавање со ОБСЕ во светло на руската агресија врз Украина, актуелностите во регионот, како и билатералните односи и соработка.

Покрај средбата со неговиот домаќин, министерот Османи, предвидено е чешкиот министер за надворешни работи да оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, а ќе биде примен и од претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.

07.02.2023 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа