По ефикасниот старт на второто коло од Лигата на шампиони, денеска следуваат нови девет возбудливи дуели. Вечерта ќе ја одбележи дербито во Барселона, каде што каталонскиот гигант ќе го пречека актуелниот европски првак Париз Сен Жермен.

И двата тима ќе бидат ослабени – Барселона ќе настапи без Гави, Феран Лопез, Рафиња, Гарсија и Терштеген, додека ПСЖ нема да смета на Дембеле, Квараскелија, Маркињос, Камара и Дуе. Сепак, големиот играчки фонд во двата табора ветува одличен фудбал.

Освен дуелот на „Камп Ноу“ од 21 часот, во исто време ќе започне и натпреварот во Неапол каде Наполи, со Ељиф Елмас во составот, ќе го пречека Спортинг Лисабон. Возбудувања се очекуваат и на останатите мечеви во Лондон, Леверкузен, Дортмунд и Монте Карло.

Leave A Reply

Exit mobile version